Графички
Дизајн AI

За кого е оваа програма?

Стартер-кит за дизајнери

Што ќе научиш?

Запознај се со основите на претприемништвото во графичкиот дизајн и научи како да ги претвориш своите креативни идеи во успешен бизнис. Совладај развој на бизнис и маркетинг план, стратегии за продажба на дизајн услуги и техники за стекнување на клиенти. Создај убедливи pitch decks и презентирај ги своите дизајн идеи пред потенцијални клиенти или агенции за да ја оствариш твојата прва заработка.

Што ќе изработиш до крај на модулот:

Научи да изработуваш и управуваш со лични и бизнис финансиски планови, да оценуваш финансиска одржливост и исплатливост на бизнис идеи и да носиш информирани финансиски одлуки кои поттикнуваат раст.

Што ќе изработиш до крај на модулот:

Запознај се со основите на визуелниот идентитет и научи како да создадеш моќен бренд преку визуелно раскажување приказни. Истражи ги клучните компоненти на бренд стратегијата, како што се brand values, мисија и визија, и нивната улога во дизајнирањето. Совладај конзистентен брендинг преку правилен избор на палета на бои и типографија, фокусирајќи се на влијанието врз целната публика. Преку анализа на студии на случај, дознај како успешните брендови го користат визуелниот идентитет за да се издвојат на пазарот.

Што ќе изработиш до крај на модулот:

Развиј вештини за дизајнирање на функционален, стилски и привлечен merch, маички, дуксери, bucket hats, tote bags и сл., кои ќе биде во линија со брендот за кој се дизајнира. Научи да ги подготвуваш дизајните за печатење во соодветен формат. Откриј AI алатки со кои полесно и побрзо можеш да креираш различни формати и адаптации на дизајните на merch-от.

Што ќе изработиш до крај на модулот:

Стекни вештини за дизајн на ефективни креативи за успешни кампањи на социјалните мрежи, исполнувајќи ги специфичните барања на различни дигитални платформи, осигурувајќи дека ефективно ја пренесуваат пораката. Совладај усогласување на дизајнот и брендот на различни екрани и уреди, истражи дигитални шеми на бои и научи да креираш банери и хедери за веб-страници што го задржуваат вниманието на корисниците.

Што ќе изработиш до крај на модулот:

Откриј ги можностите на Adobe Photoshop и научи да дизајнираш ефективни и визуелно привлечни постери кои задржуваат внимание и успешно пренесуваат порака, комбинирајќи силни принципи на распоред, типографија и техники за манипулација со слики. Совладај селекција и уредување на слики, вклучувајќи AI алатки за понапредна манипулација. Научи како да подготвиш дигитални мокапи за твоите дизајни.

Што ќе изработиш до крај на модулот:

Научи како да дизајнираш уникатно и препознатливо лого во Adobe Illustrator, што го пренесува идентитетот на брендот. Запознај се со основите на типографијата и научи како изборот на фонт и распоредот на текстот влијаат врз визуелната комуникација. Истражи техники за комбинирање на типографија со графички елементи за создавање моќни и ефективни дизајни.

Што ќе изработиш до крај на модулот:

Совладај prompt engineering за генерирање постери, логоа и други графички дизајни. Научи како да формулираш креативни prompts во AI алатки кои ќе ти помогнат да реализираш свои идеи, од првиот нацрт до финалниот дизајн. Истражи како вештачката интелигенција може да го унапреди процесот на дизајнирање, а твојата креативност да ја претвори во професионални визуелни решенија што го претставуваат брендот.

Што ќе изработиш до крај на модулот:

Развиј креативно размислување како основа за успешен графички дизајн. Научи како да ги применуваш основните принципи на дизајн, дизајнерски елементи, теоријата на бои и техники за ефективна визуелна комуникација. Дознај различни креативни пристапи за да пренесеш моќни пораки преку дизајнот.

Подготви се за

Нашата единствена цел е да се стекнеш со практични вештини преку кои ќе заработуваш. Затоа NU програмите се базираат на 80% практична работа на проекти за компании.

Започни да дизајнираш

6 месечни програми, креирани од програмери експерти. Одбери да учиш како тебе ти одговара - онлајн или во физичка училница.

Само 25 места

Графички Дизајн x AI

Промо цена: 1200€

12 рати x 100€

Само 25 места

Графички Дизајн x AI

Промо цена: 1200€

12 рати x 100€

Што нема да добиеш од оваа програма?

можеби

нема

да добиеш

скратена

формула

за

0

бизнис

но

ќе го

започнеш

патот

кон

твојата

прва

плата

и

кариера

Ќе се стекнеш со релевантни вештини, ќе изградиш портфолио и ќе добиеш искуство од професионалци што ќе ти овозможат да го продолжиш патот од првата плата до твојот прв милион.

Ти треба повеќе инфо?

Стапи во контакт со нашиот тим! Ќе бидеме среќни да одговориме на сите твои прашања.

Биди и ти дел од нашите успешни приказни